Денес светот го одбележува 2 Април – Меѓународен ден за поддршка на лицата со аутизам, а во знак на поддршка на лицата со аутистичен спектар на нарушување, OOУ”Св.Климент Охридски” се обои во сино, вели директорот на училиштето Јордан Пуроски.
Денес ги испраќаме пораките да ги разбереме, прифатиме и да создадеме поинклузивно општество, општество за сите. Да се даде поддршка, да се подобри квалитетот на животот на луѓето кои страдаат од аутизам, борбата против дискриминација, а со тоа и прифаќање на различитостите и целосно вклучување во општеството, вели Пуроски.

OhridNews












