Според евиденцијата, во овој момент, во Охрид работа бараат 3 доктори на наука, 30 магистри и 1.048 охриѓани со високо образование. Во евиденцијата на невработени запишани се и 292 невреботени лица со виша школа и 2.053 лица со средна стручна спрема. Најбројни помеѓу невработените се неквалификуваните работници, со вкупна бројка од 2.448 лица како и квалификуваните, кои се запишани под бројка од 2.002 лица.
Регистарот на Агенцијата за вработување, веќе неколку месеци последователно покажува дека повеќе од половина од евидентирните невработени во Охридскиот регион се со навршени 40 години.