
По сектори бројот на работниците во секторот Рударство и вадење на камен во август 2016 година, во однос на август 2015 година, бележи пораст од 1.7%, во секторот Преработувачка индустрија бележи опаѓање од 1.3%, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 0.3%.
Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во август 2016 година, во однос на август 2015 година, бележи пораст кај Енергија за 1.0%, Интермедијарни производи, освен енергија за 0.3%, Капитални производи за 8.2% и Трајни производи за широка потрошувачка за 3.4%, додека опаѓање бележи
кај Нетрајни производи за широка потрошувачка за 4.3%.
OhridNews











