Големата трагедија што минатата година се случи на плажата Галеб во центарот на Струга, кога од струен удар загинаа тројца пријатели опоменува, но по се изгледа сериозно сеуште не се сфаќа. В долж охридско струшката ривиера постојат голем број времени и објекти од цврста градба кои се неадекватно поврзани на електро-мрежата, не постои соодветна изолација на критични места, кабли висат над главите на луѓето, некаде не постои прописно заземјување, додека ормарчињата за струја се незаштитени. Една таква опасна ситуација затекневме на градското пристаниште во Охрид каде пловните објекти влечат струја над вода од руинирано ормарче. Каблите се распослани по пристаништето и бродовите, а ормарчето целосно незаштитено. Некој ќе рече дека така се прави со години и ништо не се случило, но треба ли да се случи не дај боже некаква трагедија за некој да реагира?


OhridNews
фото: Емилио