Апсолутна сигурност на мобилните апликации не постои. Пример за тоа е последното предупредување на експертите за безбедност за корисниците на Андроид кои во популарната апликација „CamScanner“ пронајдоа опасен вирус, кој може да предизвика сериозни проблеми, пренесува BBC. Оваа апликација од Play Store на Google ја имаат преземено над 100 милиони корисници.

Апликацијата „CamScanner“ долги години е присутна на Play Store и ги има минато сите безбедносни тестови и со неа корисниците немале никакви проблеми. Тие настанале при неодамнешната надградба при што бил вметнат код преку кој телефоните кои користат Андроид, без знаење на корисникот можат да преземат разни акции од прикажување на несакани реклами и наметливи огласи, пријавување на претплатнички сервиси, до неовластено користење на приватни податоци, предупредуваат екепсертите за безбедност на компанијата „Касперски“. Тие за проблемот го известиле Google кој веднаш ја повлече апликацијата од Play Store, но се уште во моментов неа ја користат милиони корисници.

Во најголема опасност се корисниците чии телефони автоматски се надградуваат и постои голема веројатност апликацијата „CamScanner“ да се надградила во верзија која го содржи опасниот код. Затоа експертите од „Касперски“ советуваат бришење на спорната апликација и нејзино повторно инсталирање кога Google ќе лансира подобрена и побезбедна верзија на „CamScanner“  на Play Store, објавува BBC.

OhridNews