Движењето ОПЕМ од Охрид упати апел до надлежните институции на централно и локално ниво да им помогнат на социјално загрозените семејства да можат да ја издржат претстојната зима.

-Во услови на економска криза, која особено ја чувствуваат социјално загрозените семејства, лицата со посебни потреби, самохраните мајки, неопходно потребно е, државата преку нејзините институции на системот како и Локалната самоуправа, да преземат мерки и на истите, координирано да им помогнат, велат од ОПЕМ.

Оттаму истакнуваат дека нивните апели на овие категории граѓани да им се помогне со огревно дрво не наишле на интерес кај надлежните.

– Како социјална држава, Република Македонија, така и градот Охрид, имаат обврска да им излезат во пресрет на овие ранливи категории на грагани, особено во зимскиот период, додаваат од ОПЕМ.

OhridNews