На саемот, домашни и странски погребални компании ја претставија својата работа и услуги пред посетителите од околните држави. Саемската понуда беше надополнета со јавни трибини, работилници, предавања, нови форми на погребални возила и последните трендови – еко ковчези од алтернативни до традиционални дизајни.
“Мирен Сон” со повеќе од 80 изложувачи размени искуства и знаења; и склучени се договори за меѓусебна соработка посебно во делот на репатријација на починати лица со најголемите погребални претпријатија од неколку европски земји, информираат од компанијата.
Придобивките од саемот најмногу ќе влијаат во подобрувањето на квалитетот на услугите и проширување на асортиманот на опрема според европските стандарди и вложување во бизнис соработката со европските држави, како дел од стратегијата на работа за постојано градење на квалитет, углед и доверба, нaгласуваат од Мирен сон.