Заедничкиот проект на ЕВН Македонија и Македонската опера и балет или патувачката бајка за братчето и сестричката го почна своето патување од Скопје. По двете изведби во главниот град, оваа опера ја видоа и децата од Куманово и Битола.
Гостувањето на грандиозната приказна за Јованче и Марика низ градовите е особено важно затоа што прв пат децата од земјава ќе можат да присуствуваат на оперска бајка во својот град, информираат од ЕВН.
Диригент е Бисера Чадловска, а режијата и сценографијата се на докажаните бугарски уметници, Нина Најденова и Борислав Стајнов. Кореограф е Олга Панго, а ликовите ги толкува младата генерација врвни македонски оперски пејачки имиња на Македонската опера и балет. Приказната за Јованче и Марика, покрај изведбата на актерите, раскажана е и низ богатата сценографија и прекрасните костими.
По Охрид следното гостување на операта е во Струмица.