Потрошувашите имаат свои права и не треба да ги премолчуваат измамите порачаа од општинската организација на потрошувачите -ОПМ по повод одбележувањето на Светски ден на правата на потрошувачите – 15 март.

Како што информираа од ОПМ, на локално ниво во насока на заштита на потрошувачите Советот на општината донесе програма која ги прецизира нивните права. Како што истакна претседателот на ОПМ – Охрид Вангел Спироски основна цел на Програмата за заштита на потрошувачите е сензибилизирање на јавноста за заштитата на потрошувачите и подигање на нивото на заштитата на потрошувачите во општина Охрид. 

-Во таа насока оваа година ќе бидат подготвени и промовирани брошури и други промотивни материјали за правата на потрошувачите, согласно законската регулатива од областа на заштитата на потрошувачите. Ќе се работи и на јакнење на институционалната рамка и воспоставување соработка и координација помегу субјектите релевантни за заштита на потрошувачите, со посебен акцент на државните инспекциски органи за спроведување на пазарниот надзор, како и на подигање на свеста на потрошувачите за алтернативните форми за решавање на потрошувачките спорови (медијација и слично). Исто така ќе се врши едукација на членовите на Советот за заштита на потрошувачите во доменот на потрошувачкото право, како и во доменот на потрошувачките политики и низа други едукативни и други мерки. – истакна Спироски.

Во рамки на одбележување на Светскиот ден на потрошувачите ОПМ Охрид денеска го промовираше едукативниот флаер „Права имате но дали ги знаете?“, со што и официјално започнува имплементацијата на програмата за заштита на потрошувачите на Општина Охрид за 2014 година. Овој флаер содржи корисни информации за потрошувачите согласно Законот за заштита на потрошувачите. Флаерот ќе може да се најде на инфо пултот на влезот на Општината како и на веб страната на ОПМ. 

Светскиот ден на правата на потрошувачите се одбележува на 15-ти март од 1983 година со цел да се промовираат правата на потрошувачите во цел свет. 

OhridNews