Опомена од Советот за радиодифузија добија дури 13 телевизии и радио станици, кои недозволено емитувале реклами платени од државниот и буџетот од локаланите самоуправи.

Ова доаѓа, откако медиумите недозволено ги емитувале рекламите по распишувањето на претстојните локални избори. Мониторингот кој бил спроведен претходната седмица, констатирал неправилности кај телевизиите МРТ1, МРТ2, Собраниски канал, Макпетрол ДООЕЛ, Сонце, Скај Нет, БТР, МТМ, Радио Канал 77, Ера, Амазон, 24 Вести и регионалниот сервис на Алфа.

Според претставниците од СРД, одлуката да не се казнуваат туку само да се опоменат,  следи откако овие медиуми навреме престанале со емитувањето.

Ограничувањата се прецизни, но со оглед на тоа што поголемиот дел од телевизиите го направиле прекршувањето само првиот ден, верувам дека се работи за нивна недоволна информираност, што го потврдува и фактот што понатаму престанале. Предлагам да не одиме со прекршочна мерка иако е предвидено, туку да одиме со укажување“ – вели Милаим Фетаи, заменик претседател на СРД.

Предлогот беше едногласно подржан од членовите на Советот, кои упатија апел до уредниците на медиумите во иднина да внимаваат, бидејќи казните се доста високи.

OhridNews