Тренерот на Барселона Тито Виланова добро се опоравува по операцијата на туморот на плунковната жлезда.

Новата година започна со среќни вести за „планетата Барселона“ и сите
љубители на фудбалот. Адриа Виланова, сина на тренерот на Барселона, на
Твитер објави фотографија заедно со насмеаниот татко.

„Попладнево малку се опуштив со татко ми, заиграв тенис“, кратко напишал
Адриа и им честитал Нова година на фановите на својот татко.

Тренерот на Барселона божикните празници ги мина заедно со семејството
во Џирона, каде што се одмара по операцијата на плунковната жлезда на
која беше подложен на 20 декември.

Со оглед дека опоравувањето тече добро, можно е Виланова уште во недела
да се врати на клупата на Барселона во мечот против градскиот ривал
Еспањол.

“Макфакс“