Во охридското село Горно Лакочереј утрово околу 8 часот и 30 минути,бил опожарен покрив од куќа.

Пламените јазици ги забележал сосед кој веднаш се јавил во Противпожарната единица.

Екипите за кратко време дошле и го локализирале пожарот кој за среќа не се проширил на останатите делови од куќата. Направената материјална штета се проценува околу 600 евра.

OhridNews