Како што информираат од ППЕ, причина за избивање на пожарот кој зафатил една од просториите во куќата бил неисчистен оџак.
Екипите на противпожарната единица брзо по пријавувањето интервенирале и пожарот за кратко време бил локализиран. Не е предизвикана поголема материјална штета.
Како што информира првиот човек на охридската против пожарна единица, Спасе Прентоски, денешната интервенција е 36- та по ред од почетокот на годината, што е двојно поголем број споредено со истиот период минатите години. Прентоски повторно упати апел до граѓаните за редовно чистење на оџаците.