Денес, во 11 часот и 25 минути, во приватна куќа на улицата Момчило Јорданоски избил пожар во кој бил уништен дел од ентериерот во објектот.

Како што информираат од Противпожарната единица, нивните екипи кратко време по пријавувањето стигнале на местото на пожарот и успеале да го локализираат.

Според првичните сознанија, пожарот избил поради настанат краток спој и преоптоварување на електричната инсталација. 

OhridNews