Од оџак во стара куќа во населбата Рача, вчеравечер, избил пожар кој потоа зафатил дел од меѓуспратната конструкција на објектот.
Со брза интервенција на противпожарните екипи пожарот за кратко време бил локализиран и изгаснат, со што се спречило негово ширење и зафаќање и на останатите делови од куќата. Се проценува дека е причинета мала материјална штета.
OhridNews