Вчера попладнето, во 16.55 часот во охридската противпожарна служба било пријавено опожарување на вилата на Министерството за внатрешни работи во Горица.
Веднаш било интервенирано на терен и пожарот, кој зафатил подрумски простории од објектот, бил изгаснат околу 18 часот и 30 минути.
Според првичните податоци не е предизвикана поголема материјална штета.












