Утрово во 06 часот, во земјоделска аптека лоцирана на улицата „15 корпус“ во Охрид, избил пожар во кој изгореле дел од земоделските препарати, информираат од СВР Охрид. Со интервенција на Територијалната противпожарна единица, пожарот е локализиран и изгаснат, по што, на местото на настанот, извршен е увид. Се преземаат мерки за утврдување на причините за пожарот и целосно расчистување на случајот.
Од СВР Охрид, информираат и за сообраќајна незгода случена вчера, во 07 часот и 30 минути, на улицата „ЈНА“ во Струга. Во сообраќајната незгода учествувале мопед марка „Хамачи Соник“ управуван од 34-годишен стружанец, кој бил повреден. Со медицинско возило е префрлен во Општата болница во Струга, каде е задржан на натамошно лекување. Извршен е увид на местото на настанот.
OhridNews












