Вчера напладне, опожарената зграда бр.4 на булеварот „Туристичка“ повторно доби електрична енерија. Градоначалникот Никола Бакрачески, непосредно по пожарот пред шест дена најави дека локалната самоуправа ќе направи се што е во нејзините можности за санација на штетите, а во акцијата за помош се вклучија советниците, стручни служби и специјализирана фирма од Охрид.

Жителите од овој станбен објект велат дека се задоволни од брзата интервенција на надлежните институции, локалната самоуправа и медиумите кои известија за овој проблем.

По објавата во медиумите, веќе во средата не посети градоначалникот Бакрачески, а наредниот ден во осум утрото ги донесе екипите кои работеа на проблемот. Презадоволни сме, бидејќи претходно од ЕВН ни рекоа дека санацијата ќе трае околу 40-тина денови.  Ова испадна над очекувањата, а сакаме јавно да му заблагодариме на градоначалникот. Материјалната штета е огромна, но локалната самоуправа финаниски застанаа зад нас, како што претходно ни вети.“ –  вели Белинда Андоновска, жителка на опожарената зграда.

Екипите уште во четвртокот пристапија кон санација на изгорената инсталација, а потоа продолжија со бојадисување на оштетените ѕидови.

Се интервенираше на водоводната и канализационата мрежа на становите кои се наоѓаат веднаш над броилата. Се пристапи кон корнење на изгорената столарија, а новата која е веќе порачана чекаме да пристигне во секој момент. Моментално вратени сме во своите станови, а денеска сите  ги чистиме и проветруваме домовите. Останува на електричната мрежа да се приклучат уште викенд-станарите, но и тоа ќе биде во најскоро време.“ – додава Андоновска.

Претходно, градоначалникот Никола Бакрачески истакна дека обврска на локалната самоуправа е да ги застапува интересите на станарите, а веќе во четвртокот се презедоа координативни активности помеѓу службите во општина Охрид, Секторот за комуналец развој и сообраќај, екипите од Противпожарната служба, Центарот за управување со кризи како и екипите на ЕВН Македонија.

Инаку, пожарот во оваа зграда изби пред 10-тина дена од броилата за електрична енергија. Пожарот беше изгаснат со брза интервенција на противпожарната единица од Охрид, која пристигнала со повеќе возила.

OhridNews