Откако пред два дена опожарената зграда бр.4 на булеварот „Туристичка“ повторно доби електрична енерија, вчера објектот беше подновен со нови ПВЦ влезни врати.

Како што велат станарите од оваа зграда, во наредните денови очекуваат комплетно да биде санирана штетата, со поставување на поштенските сандачина и останатиот инвентар кој изгоре за време на пожарот.

Инаку, пожарот во оваа зграда изби пред 10-тина дена од броилата за електрична енергија, при што беше причинета огромна материјална штета.

О.Т.