Во атарот на село Вевчани, струшко, на место викано „Суво поле“, вчера околу пладне, во поле со лозов насад настанал пожар при што биле опожарени три парцели со лозов насад и парцела покрај регионалниот пат Струга–Лабуништа.

Според првичните проценки опожарени биле вкупно 7.500 лозници.

Во 16.30 часот од екипа на Противпожарна единица Струга пожарот е локализиран. Извршен е увид на местото на настанот.

OhridNews