Утрово, кај градскиот пазар дошло до опожарување на патничко моторно возило Опел Вектра со охридски регистарски таблици.

Пожарот избил во електричната инсталација кај моторот од возилото, при што е причинета помала материјална штета.

Интервенирало едно противпожарно возило со двајца пожарникари кои успеале за кратко време да го изгаснат пожарот.

OhridNews