– Градоначалникот итно да престане со злоупотребата на својата функција по однос на работата на Советот и да престане диктатот врз советниците – бара ВМРО ДПМНЕ, која го обвини претседателот и мнозинството од СДСМ дека се марионета на Петрески.
ОК на ВМРО-ДПМНЕ Охрид побара да биде закажано продолжението на прекинатата 25 седница на Советот, како и итна координативна средба на партиите застапени во Советот околу надминување на состојбите во и реформа на нефункционалните работните тела – комисии на Советот.