Опозицијата нема да ги повлече своите членови од Државната изборна комисија (ДИК) соопшти вчера попладне СДСМ.

„СДСМ и партнерите се одлучни дека на 5 јуни не се возможни избори, ниту, пак, ќе учествуваат на таквите нерегуларни избори. Но, СДСМ и коалициските партнери ќе го обезбедат своето присуство и контрола на процесот на прочистување на Избирачкиот список, со цел да ги спречат манипулациите и злоупотребите што се обидува да ги прави власта на Никола Груевски“, се вели во соопштението.

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, вчера се сретна со коалициските партнери од опозицијата, при што, меѓу другото, било договорено денеска да биде потпишана Платформа за демократска Македонија, чијашто основна цел е слободна Македонија, информираат од СДСМ.

OhridNews