Лидерите на СДСМ, ЛДП и НСДП, Зоран Заев, Андреј Жерновски и Тито Петковски, денеска во Скопје одржаа средба, по која беше соопштено дека опозцијата останува на ставот за бојкот на парламентот.
„Првата работа е тоа што ги потврдивме нашите ставови. Враќање во Парламентот нема. Секако петте теми се јасни и на јавноста и на власта, теми за коишто, власта доколку смета може да отпочне преговори. Тоа се темите за медиумите, за разграничување на партијата од државата, темата за пописот, темата за избирачкиот список и изборното законодавство и за техничката влада.“ – изјави по средбата претседателот на СДСМ Зоран Заев.
На средбата се разговарало за стратегијата на дејствување на опозцијата, која од утре најави средби со граѓаните на терен.
-Од утре почнуваме трибини низ Македонија, 16 градови се дефинирани, ќе отвориме дебата со граѓаните за актуелните политички случувања.-рече Заев.
OhridNews