Раководствата на ВМРО-Народна партија, ЛДП, Обединети за Македонија и Достоинство, денеска ќе одржат средба во Скопје.

Оваа средба доаѓа по се посилните најави за обединување на опозицијата, за што се залага СДСМ.

Деновиве и лидерот на најголемата албанска опозициска партија – ДПА, Мендух Тачи изјави дека е подготвен на средба со лидерот на социјалдемократите, иако, како што рече, не верува дека ќе биде поостигнат некаков договор.

ВМРО ДПМНЕ која ја предводи владејачката коалиција, засега официјално не ги коментира раздвижувањата на политичката сцена, иако можат да се чујат и одредени ставови во медиумите, дека помалите политички партии немаат капацитет и влијание врз политичките текови во земјата.

OhridNews