Дел од современата опрема која ја обезбедува Министерството за здравство во Општата болница веќе е пристигната, а останатата апаратура се очекува во наредниот период.

Болницата веќе располага со 4д ултразвук за гинекологија, кој ќе овозможи плодот да се прати од третата недела на зачнување и со него ќе може да се следат сите генетски деформации кои можат да му се случат на еден плод. Пристигнати се и најсовремениот ултразвучен апарат за кардилогија,  во кој има три сонди- кардиолошка сонда, гастро и сонда за тироидна жлезда. Наскоро ќе бидат пуштени  во употреба и ендоскопскиот апарат, кој се смета за најсофистициран инструмент кој се применува во абдоменалната хирургија, како и добиениот респиратор.

Од Општата болница велат дека очекуваат добивање и на апарат за компјутерска томографија, кој од месец февруари ќе биде сместен во нов простор.

Преговори се водат Охрид да добие и дигитален мамограф, како и нов апарат за потребите на одделението урологија.
Целата опрема е во вредност од 2, 5 милиони евра.

OhridNews