Од локалната самоуправа информраат дека бекатон плочките на одредени улици на кои се вршеле градежни зафати се ставаат привремено.

Бекатон плочките се поставуваат веднаш по интервенцијата заради која се отстранил асфалтот од причина што треба време за земјата и новиот слој тампон кој се поставува да налегне, за потоа да се асфалтира. Исто така, во текот на летната сезона има забрана вршење на градежни зафати низ урбаната зона на Охрид. Бидејќи за асфалтирање е потребна тешка механизација, се ставаат бекатон плочките и понатаму, велат од локалната самоуправа.

OhridNews

Фото: Наместо асфалт – повторно бекатон плочки