
„Иако јавноста во неколку наврати прецизно и во детали беше информирана за сите аспекти од поставуањето на лизгалиштето, Блажески во нему својствен стил и понатака продолжува да гони духови и да бара правда која само тој ја разбира и признава. Овој пат нема ништо повеќе да кажуваме за проектот лизгалиште и му порачуваме на Блажески конечно да се обрати до надлежните институции за еднаш за секогаш да прекине со оваа политиканска игра, која очигледно му служи за самопромоција.“ – велат од општина Охрид.
Оттаму додаваат дека во иднина, лидерот на општинската ЛДП треба подобро да се запознае со законите.
„Општина Охрид му порачува на Блажески во иднина поинтензивно да поработи на познавањето на законите во однос на тоа кој, како и зошто потпишува документи во општинската администрација, за барем малку да имаат оправдание неговите навидум реторички прашања за кои само тој си ги знае одговорите.“ – стои во рекацијата.
OhridNews











