
Оваа објава стапува на сила со денот на нејзиното објавување и се смета дека странката писмено е известена со – уредна достава. За негативните последици (присилна наплата, парична казна, дополнителни трошоци и сл.) кои евентуално можат да настанат, странката сама ќе ги сноси, потенцираат од локалната самоуправа.
Доколку обврзниците имаат извршено уплати кои не се евидентирани или е потребно порамнување на истите врз основа должи/побарува, да се обратат во Општина Охрид, во одделението за даноци за да достават доказ за извршените уплати.
Од локалната самоуправа со повик и до сите даночни обврзници кои поседуваат недвижен имот на територијата на Охрид да го подигнат решението за данок на недвижен имот заклучно со 2013. година до 31.12.2013. година, да ги подмират даночните обврски заклучно со 2013. година до 31.12.2013. година. Ова се однесува на даночните обврзници што должат врз основ данок на имот (неуредно доставени опомени). Се повикуваат обврзниците да достават и даночна пријава за утврдување на данок на недвижен имот, поради настанати промени на податоците кои се од влијание за висината на даночната обврска или променети адресни податоци-адреса.
OhridNews











