Општина Охрид ги повикува корисниците на просторот пред деловните простории за вршење на дејност, за поставување урбана опрема (маси и столови) согласно законските прописи, да склучат договор за закуп. Истовремено, се повикуваат да ги подмират и обврските за комунална такса за користење на просторот пред деловните простории.

Доколку истите не пристапат кон исполнувањето на законските обврски во предвидениот рок,од локалната самоуправа потенцираат дека ќе се преземат сите потребни мерки согласно законските прописи.

OhridNews