Во 2104 година општина Дебарца ќе продолжи да ги реализира зацртаните проекти кои на општината ќе и донесат развој и просперитет, најавува градоначалникот Игор Трајкоски во новогодишната честитка до граѓаните.

„Почитувани, најнапред дозволете ми да ви се заблагодарам за подршката која ми ја дававте во изминатиов период пред се при реализација на бројните проекти кои заеднички успеавме да ги реализиравме за многу краток период. Тие проекти произлегуваат од вашите секојдневни потреби кои се битни за секојдневното нормално функционирање. Изминатава 2013година беа реализирани многу проекти кои ви ги ветив во изборната програма, 2014година ке биде година каде што општина Дебарца ќе се издигнува во сите сфери како на економски, културен, спортски, образовен и туристички план…. Затоа мои пријатели истомисленици и неистомисленици дозволете да ви посакам многу здравје, среќа и успех во новата 2014г. Нека ни се среќни и весели новогодишните и божиќните празници!“-се вели во новогодишната честитка од градоначалникот на општина Дебарца Игор Трајкоски.

OhridNews