Општина Дебрца, согласно насоките добиени од Министерството за финансии, а врз основа на Законот за буџетите и Законот за финансирање на единиците на локалната самоуправа, го започна процесот на подготовка на Предлог-буџетот на Општина Дебрца за 2027 година.
Со цел да се обезбеди транспарентно, одговорно и инклузивно планирање на општинските финансии, Општина Дебрца ги повикува сите жители активно да се вклучат во процесот на креирање на буџетот преку пополнување на прашалникот за утврдување на приоритетите и потребите на локалното население, посочуваат.
Прашалникот е достапен на официјалната веб страна на Општина Дебрца, и преку истиот граѓаните ќе имаат можност да ги искажат своите предлози, мислења и приоритети, кои ќе послужат како насоки при планирањето и распределбата на буџетските средства за 2027 година.
Пополнетиот прашалник, велат од Општина Дебрца, можете да се достави или по електронска пошта на: [email protected] или по пошта на адреса: Општина Дебрца, с. Белчишта, Општина Дебрца.
Вашето мислење е важно! Со Вашето учество придонесувате кон креирање буџет кој ќе одговори на реалните потреби на граѓаните и ќе придонесе за подобрување на условите за живот во Општина Дебрца. Заедно да ги утврдиме приоритетите за развој на Општина Дебрца!, порачуваат.
OhridNews












