Утре, 3- ти октомври, по повод Патрониот празник на општина Дебарца и 71- година од издавањето на Манифестот на Генералниот штаб на НОВ и ПОМ, општина Дебарца и Општинската организација на Сојузот на борци во општините Охрид и Дебарца организираат свеченост во Црвена Вода.

Одбележувањето во 10 часот ќе  започне со полагање свежо цвеќе на споменикот и посета на спомен домот, по што ќе продолжи со централна прослава во просториите на салата во село Мешеишта каде пригодно обраќање ќе има градоначалникот Игор Трајкоски и професорот по Историја Наце Иваноски.

OhridNews