Одлика на оваа локална власт беше и остана отчетноста и транспарентноста пред граѓаните на Охрид, за разлика од сите претходни власти кога охриѓани немаа увид каде завршуваат нивните пари. Но, отчетноста не е единствената разлика, тука е и исполнување на ветувањата дадени пред граѓаните. Како никоја претходно локална власт, градоначалникот Никола Бакрачески, секој еден ветен проект пред охриѓани го оствари или неговата реализација е во поодмината фаза, се наведува во реакцијата на локалната самоуправа во врска со обвинувањата од општинската СДСМ по дадениот отчет на градоначалникот.
– Вие Општина Охрид ја потонавте за 33 милиони евра и за уште половина од оваа бројка ги потонавте јавните претпријатија и школите во Охрид. Ние намаливме 13 000 000 евра долг по сите основи и ги исплативме сите обврски во нашиот мандат. Заборавивте да споменете дека вработените во ЈП „Билјанини извори“ ги остадовте со пет неисплатени плати, ЈП „Билјани извори“ го оставивте со најштетниот договор за закуп кој некогаш е склучен во нашата држава за давање под закуп на јавниот паркинг простор, долг кон вашиот “БОМБОНА БИЗНИС“ партнер – ЕВН во висна од 8 МИЛИОНИ и 200 ИЛЈАДИ денари, заборавивте да напоменете дека не набавивте ниедно специјализирано возило за подигање на комунален отпад, дека оставивте хипотекарен кредит кој не бил редовно серивисиран каде постоеше опасност ЈП „Охридски комуналец“ да ги изгуби просториите во Градскиот пазар, понатака заборавивте да кажете дека месноста „Мауцкер“ ја претворивте во депонија. Заборавивте да кажете дека во образованието си поигравте со судбината на стотина лица, кои ги имавте ангажирано, а за нивниот ангажман не добиваа ниту еден едниствен денар, или со колкави долгови и во каква катастрофална состојба ги оставивте образовните инсититуции во градот, се наведува во реакцијата.
Од општина Охрид додаваат дека делата на оваа локална самоуправа се видливи и дека граѓаните на Охрид тоа го знаат, секојдневно ги користат пешачките патеки, плоштадите, детските и повеќенаменските игралишта и сите други проекти.
– Охриѓани повеќе не веруваат на празни зборови, тие веруваат на она што го гледаат, а тоа е дека изградбата на автобуската станица е во напредна фаза исто како и градскиот пазар, знаат дека токму Вие, Владата на Република Македонија ја стопира изградбата на покријаниот пливачки базен кој беше започнат со изградба, а исто така знаат дека за многу скоро ќе започне и изградбата на домот за стари лица, велат од локалната самоуправа.
OhridNews












