Од локалната самоуправа ги повикуваат раководните лица на ВМРО – ДПМНЕ да побараат во Скопје и во сите општини каде што се градоначалници од редовите на оваа партија, цената на паркинг просторот да изнесува 30 денари.
– Исто така, ги повикуваме во Скопје пред зградите каде што живеат граѓаните да им отстапат слободен паркинг простор на жителите на тоа место. Со тоа ќе ги намалат тешкотиите на македонските граѓани кои оваа власт ги доведе до катастрофална социјална и економска состојба, се наведува во реакцијата од локалната самоуправа по оддржаната прес- конференција од страна на општинската ВМРО- ДПМНЕ.












