Наместо  Унијата на млади сили на општинската ВМРО- ДПМНЕ да се шегува и го омаловажува градоначалникот Александар Петрески , очекуваме  утре, во духот на 1-ви април , денот на лагата, заедно со премиерот Груевски ,  кај кружницата на крајот на „ Туристичка“  , свечено да  го означат помпезно најавуваниот почеток на изградбата на автопатот од Охрид до Гостивар. Свечено нека го означат и почетокот на изградбата на патот до „ Св. Наум“, новите фабрики  и отворањето на нови работни места, стои во реакцијата од локалната самоуправа во врска со денешното „пуштање во употреба на катна гаража во Охрид“ од страна на УМС.

– Со организирањето на свечениот почеток на изградбата на автопатот од Гостивар до Охрид , ќе покажат дека тоа било само голема лага и ефтин политички трик , од програмата за лажење на нивната партија ВМРО- ДПМНЕ и лидерот и премиер Никола Груески. Подобро е да престанат да ги лажат охриѓани , да си ги признаат грешките и да го запрашаат Груевски зошто наместо автопатот да се гради од Гостивар до Охрид, ќе се гради од Скопје до Штип. Младите од ВМРО- ДПМНЕ треба да знаат дека за доцнењето на  изградбата на катната гаража кај градскиот пазар и повеќе други  капитални објекти , не е виновен градоначалникот Петрески , туку централната власт. Земјиштето каде треба да се гради сеуште е во државна сопственост, а Министерството за транспорт и врски го опструира и одолговлечува  донесувањето на Деталните урбанистички планови, стои меѓу другото во реакцијата од локалната самоуправа.

OhridNews