Општина: Градоначалникот при носењето на одлуките се води исклучиво според законските прописи
04.12.13 17:15
Предлогот на Училишниот одбор за директор на Охридската гимназија, беше вратен од страна на градоначалникот Бакрачески, поради тоа што беше евидентирано дека постапката не се водела согласно Статутот на училиштето и Деловникот за работа на Училишниот одбор, како и поради тоа што до градоначалникот Бакрачески не беше доставен План и Програма за работа на предложениот кандидат, што е основ по кој ќе се вреднува неговиот натамошен ангажман, се наведува во реакцијата на локалната самоуправа во врска со изјавите на портпаролот на ОО на СДСМ, дека со поништувањето на постапката за избор на директор на охридската гимназија се довел во прашање угледот на образовната установа.
– Поништувањето на постапката за избор на директор на гимназијата е направена од страна на државен орган, односно Државниот трудов инспектор кој постапувајќи согласно своите законски овластувања, донесе Решение, со кое се наредува на Училишниот одбор да ја поништи постапката, заради констатирани неправилности во истата и за преземените дејствија се задолжени да го известат инспекторатот, додаваат од општина Охрид.
Оттаму, потенцираат дека градоначалникот при носењето на одлуките се води исклучиво од законите и уставот на РМ и граѓаните на Охрид, кои му го дале мандатот.
Гостите во „Ночолино“ лаунџ бар и џелатерија во Охрид мол, синоќа уживаа со музиката на групата „Сарај“ Љубителите на добрата забава од сите генерации во весела атмосфера заедно ги пееја прекраснит...
Ноќеска во 02:55 часот, на регионалниот пат Подмоље – Струга, од слобода бил лишен 20-годишен жител на струшкото село Франгово При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопрел...
Постарите Охриѓани паметат дека најава за доаѓањето на пролетта е процветувањето на бајамите (бадемите), засадени во стариот дел на градот и во Горица Вообичаено ова се случува на средината на март...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.