Поради немањето аргументи за продолжување со нападите врз градоначалникот Александар Петрески и локалната самоуправа, ОК на ВМРО- ДПМНЕ , на денешната прес конеренција и изградбата на потпорен ѕид во селото Коњско ја прогласи за капитална инвестиција на Владата на Никола Груевски.Згора на тоа ,најверојатно од незнаење, селата Волино, Лактиње, Врбјани , Ботун и Годивје наместо во општина Дебрца ги смести во општина Охрид, стои во дописот на Локалната самоуправа, како реакција на денешниот прес одржан во ОК на ВМРО- ДПМНЕ.

– Зарем не е срамота ОК на ВМРО- ДПМНЕ да ја лаже јавноста дека во Охрид вложила пари за капитални инвестиции , а реално се работи за десетина километри асфалтирани улици во кои се вбројува и Булеварот Железничка и потпорниот ѕид во селото Коњско.Во името на вистината , јавноста треба да знае дека локалната самоуправа вложи повеќе средства за Железничка,а не беше поканета на свеченото отворање. Локалните патишта во селата Орман и Велгошти не се реконструирани со средства од Владата на Груевски ,како што велат од ОК на ВМРО- ДПМНЕ, туку со кредит од Светска банка, пари кои ќе ги враќаат граѓаните.Такавиканите капитални инвестиции на Владата на ВМРО- ДПМНЕ се неспоредливи со она што сама го направи локалната самоуправа од Охрид, стои во допписот.

OhridNews