„Навистина станува невозможно да се дебатира со раководството на ОО на СДСМ Охрид за сериoзни теми, издржани проекти или поставени цели. Секогаш раководството на партијата вниманието го насочува кон веќе завршени работи кои ги поминале сите институционални филтри, и што е најважно го поминале тестот на јавноста. Како поинаку да се протолкува последното соопштение, освен како писание кое изобилува со произволности, лаги и елементарно непознавање на нештата“, се наведува во реакцијата на општина Охрид по повод денешното соопштение на ОО СДСМ Охрид.
„Да се тврди дека претходната локална власт креирала “1200 нови работни места во администрацијата и јавните претпријатија“!!! е рамно на тврдењето дека Земјата е “плоча носена на плеќите од три китови“. Зарем десеткратното зголемување на вработените во администрацијата и јавните претријатија и енормниот долг кои го оставија токму на граѓаните на Охрид е грижа за граѓаните и одговорно работење!? Можеби, според стандардите на СДСМ, но никако според правилата на добро владеење и економската логика.“ – стои во реакцијата.
Од општина Охрид велат дека постапките на ОО СДСМ Охрид целосно ги уништиле претрпијатијата и општината, долгорочно загрозувајќи ја иднината на 55 илјади охриѓани.
„Таквиот нивен начин на работа, од профитабилни ги претворија јавните претпријатија во фирми во кои што месечните приходи се помали од расходите по основ на плата. Тоа доведе до тотален финансиски колапс на општината и јавните претпријатија, што подразбира дека тоа е смислено сценарио во функција на лични интереси. Да беа стручни, способни и соодветно едуцирани како што мислат за себе, немаше да го потонат како “Титаник“ градот и јавните претријатија.“ – велат од општина Охрид.
Оттаму додадаваат дека нереално проектираниот Буџет за 2013 година од СДСМ, бил направен за нивните губитнички партиски политики, а не во интерес на граѓаните и развојот на градот.
„Затоа првите зафати на градоначалникот Бакрачески и ВМРО ДПМНЕ, беа во насока на консолидација на јавните претпријатија и отстранување на финансиските блокади, хипотеки врз имотот, финансиското деблокирање и поддршка за образовните инстуции, се со цел нивно непречено работење и финансиска консолидација. Она што е најцинично и со кое најбезочно се обидуваат да манипулираат со јавноста, е проектот – лизгалиште на плоштадот и празничното украсување на градот. Иако за лизгалиштето и украсувањето, градоначалникот Бакрачески и стручните служби повеќе пати се произнесоа во јавноста, со сите детали за неговото работење, од СДСМ Охрид не умеат да препознаат успешен проект.Фрустрирани од нивното 8 годишно промашено владеење, не можат да ја прифатат преубавата глетка на среќни лица на преполниот плоштад. Но, тоа што тие не го гледаат
граѓаните на Охрид го прифатија со искрена радост и одобрување.“ – додаваат од општина Охрид.
.
Од локалната самоуправа потенцираа дека и во иднина, проектите ќе се носат транспарентно и отчетно, според потребите и желбите на граѓаните.
„Било да се работи за забавни содржини или за сериозни комунални решенија,( како што е поставувањето на контејнери и барањето до граѓаните да се произнесат за тоа кои би биле најсоодветни локации за нив), мислењето на граѓаните секогаш ќе биде круцијално во носењето на нашите одлуки. Сето ова покажува дека СДСМ се повеќе наликува на малограѓанска група, со кафеански пристап во третирањето на сериозни теми, а решенијата што ги нудат зависат од временските прилики и моменталното расположение.“ стои во реакцијата.
OhridNews