ВМРО – ДПМНЕ на денешната прес – конференција конечно јавно, пред граѓаните на Охрид, призна дека Локалната самоуправа работи и го гради Охрид. Конечно и тие ја видоја изградбата на Охрид, која што граѓаните континуирано ја препознаваат веќе седум години, стои во испратената реакција од кабинетот на градоначалникот во врска со денес оддржаната прес- конференција на општинската ВМРО- ДПМНЕ .

– За разлика од централната власт, која не само што не е заинтересирана за Охрид, туку напротив, на секој можен начин и го омаловажува, ние, од Локалната самоуправа се чувствуваме како граѓани на Охрид, го сакаме и го почитуваме. Во тој контекст, сакаме да укажаме дека и понатаму ќе продолжиме да го градиме Охрид и да ја подобруваме патната инфраструктура, се наведува во реакцијата.

Во неа уште се додава дека ВМРО – ДПМНЕ е таа која е загрижена за рејтингот во Охрид, затоа што веќе седум години не може да има градоначалник на Охрид.

 – Нервозата во нивните редови е потполно оправдана затоа што нема да имаат градоначалник и во наредните пет години. Уништувачите на Охрид, граѓаните ги препознаа уште пред седум години, велат од кабинетот на градоначалникот.

OhridNews