Општина: Лага е дека планираните за набавка екрани со допир чинат 70.000 евра
08.09.10 12:30
Локалната власт по подолго време безрезервно се согласува со ставот на ОК на ВМРО- ДПМНЕ дека е дојдено време да се разобличат лагите и манипулациите, но клучно е прашањето чии лаги и чии манипулации, велат од Локалната самоуправа како одговор на вчерашните обвинувања упатени од страна на општинската ВМРО- ДПМНЕ.
– Во врска со обвинувањата за некакви скандалозни тендери за набавка на информативни екрани со допир ја известуваме јавноста дека тендерот е во тек и ќе биде отворен во понеделник, 13- ти септември . Она што не го кажуваат од ВМРО- ДПМНЕ е дека ваквата набавка е предвидена со програмата на Секторот за ТЛЕР, усогласена со донесувањето на буџетот и предвидена со планот за јавни набавки. Иницијативата постои веќе подолго време, а по сугестија на повеќе странски дипломати, туристички работници и гости и ќе се реализира исклучиво во функција на туризмот и гостите кои доаѓаат во Охрид, велат од Локалната самоуправа.
Безочна лага е дека за набавка на информативните екрани ќе бидат потрошени од 60 до 70. 000 евра, за волја на вистина 5- те екрани чинат многу помалку, додаваат од Локалната.
На 12122025 година во 23:30 часот, на улицата „Прва Македонска ударна бригада“ во Охрид, приведено е 53-годишно лице од Охрид При извршен преглед од страна на полициските службеници од криминалисти...
На 12/13122025 година, при вршење на патролна служба во водите на Охридското Езеро во близина на селото Пештани, полициски службеници од полициската станица за граничен надзор „Охридско Езеро“, про...
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози Намалена видливост поради појава на магла од 50 до 150 метри има во Кичево и Ботун, информира ЈП „Македонија пат“ &nb...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.