Општина: Михаилов да одговори кој стои зад криминалот со затворањето на дел од болницата
09.03.12 16:07
Претседателот на ОК на ВМРО- ДПМНЕ Атанаско Михаилов, наместо на прес конеренција да го обвинува градоначалникот Александар Петрески и Локалната самоуправа, како се трошеле буџетските пари , пред граѓаните да одговори кој стои зад криминалот со затворањето на дел од Општата болница во Охрид.Охриѓани знаат дека реновирањето на старата зграда на Општата болница , одамна требаше да биде завршено, а всушност не е ни почнато. Граѓаните знаат , а тоа неодамна го потврди и Министерот за здравство Никола Тодоров, велејќи дека зад скандалот со болницата можно е да има и криминал и дека ќе го преиспита, а Атанаско Михаилов како прв човек на партијата на власт ВМРО- ДПМНЕ во охрид, упорно молчи и се однесува како ништо да не знае, стои во реакцијата од кабинетот н аградоначалникот која следува по денес одржаната прес- конференција на претседателот на општинската ВМРО- ДПМНЕ, Атанаско Михаилов.
– Со нефункционирањето на највиталните одделенија на Општата болница , очигледно е дека , поради партиски и лични интереси на луѓе од владеачката ВМРО- ДПМНЕ, свесно се уништува охридското јавно здраство. Граѓаните и градоначалникот Петрески прашуваат ,кој ќе ја сноси одговорноста за умирањето на граѓани на пат до скопските клиники и за изгубениот живот на младата родилка, велат од кабинетот на градоначалникот.
Петрески на претседателот на ОК на ВМРО- ДПМНЕ, му порачува дека како градоначалник е одговорна личност избрана од народот и дека секоја година пред Советот на Општина Охрид поднесува отчет каде се потрошени буџетските средства, а извештаите се јавни документи кои им се достапни на граѓаните.
Бегањето од одговорите и постојаното поставување на исти прашања , според градоначалникот Александар Петрески е покажување на паника и нервоза кај Атанаско Михаилов, пред претстојните кадровски измени во ОК на ВМРО- ДПМНЕ и локалните избори, процеси во кои воопшто не се споменувало името на Михаилов.
Демографските трендови – како што се намалувањето на наталитетот, иселувањето на младите и стареењето на населението – се економска реалност што бара системски пристап и долгорочни решенија истакна...
Денес и утре Охрид станува епицентар на коктел културата За првпат годинава охриѓани и посетителите ќе може да уживаат во коктели што ги разигруваат сетилата, богата музичка програма и атмосфера шт...
Поради настанат дефект на водоводната мрежа денес од 11:40 часот повеќе часа без вода ќе бидат корисниците на улицата „Никола Карев“ и на дел од Бул „Туристичка“, информираат од ЈП Водовод Охрид По...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.