Го повикуваме претседателот на ВМРО – ДПМНЕ од Охрид, Атанаско Михаилов еднаш да излезе и својата прес конференција да ја одржи пред болницата и да објасни за ситуацијата на областа во која тој лично е надлежен. Да објасни каква е состојбата на болницата и до каде е изградбата која многу одамна ја ветија од неговата партија, се наведува во испратената реакција од кабинетот на градоначалникот, по повод денешната одржана прес конференција од страна на претседателот на општинската ВМРО- ДПМНЕ.

– Наместо да се обраќа до Локалната самоуправа, го повикуваме Михаилов да се обрати до Министерството за транспорт и врски и до неговиот лидер и премиер Никола Груевски, затоа што земјиштата каде тој ги одржува прес конференциите се под надлежност на Владата. Локалната самоуправа одамна има поднесено барање за изградба на пазарот, како и за многу други објекти каде што земјиштето сеуште е државно, но и после толку многу време немаме добиено никаков одговор од страна на Министерството за транспорт и врски. Неколку пати го имаме потенцирано кочењето на развојот на Охрид од страна на Владата, а Михаилов практично и го потврдува со неговите прес конференции пред места кои сеуште се под државна сопственост, стои меѓудругото во испратената реакција.

OhridNews