Унијата на млади сили на ВМРО- ДПМНЕ од Охрид, во неделата ја згреши адресата , зошто машинатата за перење пари , наместо пред зградата на Општина Охрид, требаше да ја однесе пред зградата на Владата на Република Македонија или  пред кабинетот на нивниот лидер и премиер Никола Груевски, стои во реакцијата од Локалната сaмоуправа во врска со вчерашната организирана пародија на УМС на општинската ВМРО- ДПМНЕ.

– Кабинетот на градоначалникот Александар Петрески, со сериозна резигнација ги отфрла ваквите недолични постапки на неколкутемина членови на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ. Воедно предупредува дека ваквиот чин на омаловажување на градоначалникот Петрески и Општина Охрид е недозволива клевета за која учесниците и нивните ментори можат да добијат кривични пријави, се наведува во реакцијата.

OhridNews