– Во врска со МЈП „ Проаква“ го посетуваме ОК на ВМРО- ДПМНЕ и нивниот претседател Атанаско Михаилов, дека неколкупати досега информиравме дека претпријатието нема да се продава. Михаилов знае и дека одлуката за корекција на цената на водата е потпишана уште во 2000- та година од тогашниот министер за финансии и сегашен премиер и лидер на ВМРО- ДПМНЕ Никола Груески. Факт е дека со рушењето на старата зграда на Општата болница, започна и рушењето на охридското јавно здраство. Охриѓани веќе 16 месеци се без одделенијата за хирургија, анестезиологија, урологија, гинекологија и за уво нос и грло. Го потсетуваме ВМРО- ДПМНЕ дека за ваквата состојба виновна е централната власт на чело со нивната партија. Доколку имаат доблест и чувство за одговорност, Атанаско Михаилов, и членовите на ВМРО- ДПМНЕ , кои исто како и другите граѓани ги трпат последиците од уништувањето на охридското јавно здраство, треба да излезат на утрешните протести. Наместо тоа, тие ги уценуваат вработените во Општата болница, доколку излезат на протестите, ќе бидат избркани од работа, стои во реакцијата од кабинетот на градоначалникот.
Општина: Наместо да ги подржи протестите, ВМРО- ДПМНЕ продолжува да напаѓа
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com