Како целосни невистини ги отфрламе изнесените тврдења на ВМРО НП за наводниот притисок врз доверителите кон општината, со кои, како што беше истакното на прес конференцијата по повод сто дена на новата локална самоуправа од страна на градоначалникот Никола Бакрачески, се води транспарентен процес и дијалог на рамноправни партнери со целосно уважување на економската логика и бизнис интересот на доверителите и граѓаните на Охрид, стои во реакцијата на општина Охрид, по повод обвинувањата изненсени од ВМРО НП.
-Најбезочни лаги се тврдењата во делот за вработените во локалната администрација, каде ВМРО – Народна партија изнесува податоци за бројот на вработените. Имено, точно е дека има 80 – 90 нови вработувања, но оваа партија намерно заборава да каже дека тие ВРАБОТУВАЊА СЕ ВО ПОСЛЕДНИТЕ МЕСЕЦИ ОД МАНДАТОТ НА ПРЕТХОДНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК, А ОСОБЕНО ЗА ВРЕМЕ НА ИЗБОРНАТА КАМПАЊА. Локалната самоуправа одговорно тврди дека до овој момент нема ниту едно ново вработување во општинската администрација, а во тек е постапка согласно законските прописи за вработување на две (2) лица.-стои во реакцијата
Во однос на изнесените наводи за запрена урбанизација и инфраструктурните зафати на новата локална власт, од општината велат дека ВМРО – Народна партија со нивната партиципација во власта во минатите осум години, заедно со нивниот коалиционен партнер СДСМ, од Охрид и општинскта администрација направиле Авгиева штала, за која, како што се вели во реакцијата „ќе требаат, не сто дена туку можеби 100 месеци да се исчисти нивниот јавашлук и неодговорно работење.“