ОК на ВМРО- ДПМНЕ , со секојдневните неаргументирани прес конференции, не само што интензивно ја замајува, туку почна и да ја заморува охридската и пошироката јавност.Наместо да седат на работните места и да сработат нешто, за што земаат плата во државните институции, водството на ОК на ВМРО- ДПМНЕ, во работно време, конструира измислици и секојдневно ги пласира преку прес конференции, стои во реакцијата од кабинетот од градоначалникот, во врска со денешната прес- конференција на општинската ВМРО-ДПМНЕ.

– Граѓаните  знаат кој е одговорен за поскапувањето на храната, бензинот, електричната енергија и другите основни животни потреби. Тоа го знаат во ОК на ВМРО- ДПМНЕ , но наместо да си ја признаат вината за нивното владеење, сакаат да го дефокусираат вниманието на граѓаните, кои сериозно се загрижени за иднината на Македонија. Мораме да потсетиме, дека мора да престане заложувањето и задолжувањето на Република Македонија со стотици милиони евра. Во ОК на ВМРО- ДПМНЕ, треба да знаат, дека во периодот од 2013 до 2017 година, кога ќе достасаат за плаќање најголемиот дел од долговите што сега ги прави Груески, Македонија може да биде во полоша финансиска ситуација , отколку што сега е Грција, се наведува во реакцијата.

Во неа се додава дека само општествено одговорни и мудри политичари можат да го запрат актуелното катастрофално практицирање на власта во Македонија, но очигледно е дека такви политичари нема во ВМРО- ДПМНЕ.

OhridNews