Дури и во најдиктаторските и апсолутистички системи е можно, ако некој те нападне, ако ништо друго, барем да можеш да се одбраниш. ВМРО- ДПМНЕ преку нивниот Општински комитет постојано со соопштенија полни со неаргументирани напади и закани со кривични пријави, сака да ја замолчи локалната самоуправа. Очигледно е дека со ваквите постапки од ВМРО- ДПМНЕ сакаат да ни стават до знаење дека кај нив е апсолутната власт и дека никој, не смее да им противречи, се наведува во најновиот допис од Локалната самоуправа.
– Господо од ОК на ВМРО- ДПМНЕ, непотребно пробувате да ја замајувате јавноста зошто знаете дека нема да ги замолчите градоначалникот и локалната самоуправа.Сами знаете дека е крајно непристојно и политички неуко, ако јавно соопштите дека „ оваа е корумпирана локална власт на чело со најголемиот лажго и милионер во историјата на Охрид“ и да барате никој да не ви одговори на ваквата клевета и навреда. Јавноста сега од ОК на ВМРО- ДПМНЕ очекува одговор дали е подобро овие средства да и се вратат на владата за изградба на споменици или да се вложат во комунални проекти во Охрид, велат меѓу другото од Локалната самоуправа.












