
– Точно е дека ние “крпиме по некоја дупка“ од безбројните кои ги оставивте во управувањето со општина Охрид, меѓу кои, финансиската е со големина на библиски размери. За среќа ние, за разлика од вас имаме и форма и содржина и програма и рокови во кои ги исполнуваме дадените ветувања пред граѓаните. Отчетот за кој толку многу зборувате, граѓаните го видоа и можеа многу лесно да ја увидат огромната разлика – она што новото општинско раководство на чело со градоначалникот Бакрачески го оствари за девет месеци, вие не можевте да го сработите за 8 години, велат од локалната самоуправа.
Оттаму, додаваат дека во новата календарска година, темпото на работа и остварувањето на планираните проекти, продолжува со несмален интензитет.
– За тоа најдобро говорат: целесно уредениот нов мал плоштад до црквата Св.Никола Болнички; поставување на лизгалиштето на градскиот плоштад ( најфотографирана атракција во Охрид); уредување на 40 јавни површини – мали плоштади, паркови и игралишта – од кои целосно се завршени во Пештани, нас.Рача и Горна влашка маала; партерно и хортикултурно уредување во стариот дел од градот; реконструкција и асфалтирање на патот од Вапила до Сирула; асфалтирање на пристапни улици во Косел, Велгошти и Пештани; поплочување со бекатон плочки во Коњско и Пештани; Изградба на фудбалски игралишта во Лескоец и на СРЦ Билјанини Извори, стои во реакцијата на општина Охрид.
Оттаму ја повикуват ОО на СДСМ , после 3 години, повторно да свикаат прес конференција и да зборуваат за ОТЧЕТ-от и реализираните проекти, доколку имаат доблест за тоа.
OhridNews











