Новата локална власт е целосно насочена кон отвореност и транспарентност во своето работење, почитувајќи ги принципите на отчетност кон граѓаните. Не постои настан, активност или било какво друга законска обврска која ја извршува општина Охрид, а истата да не е достапна до јавноста, се наведува во реакцијата од локалната самоуправа по обвинувањата од општинската ВМРО- Народна партија за нетранспарентност.

– Се сомневаме дека отчетноста и отвореноста на минатата локална власт, во која партиципираше ВМРО-НП, беше Ваш препознатлив белег. Да беше така, граѓаните ќе можеа навремено и точно да знаат, зошто општината Охрид е убедливо најзадолжена општина во Македонија и пошироко со долг од 32 милиони евра, зошто јавните претпријатија во еден дел раководени од кадрите на НП, се донесени на работ на егзистенцијата и зошто имаме пренатрупана и политичка, а не професионална администрација. Јавноста никогаш не успеа да дознае кои се неколкуте ресторани кои на име репрезентација од општина Охрид инкасирале по десеттици илјади евра годишно, или пак како оддбележувањето на улици со хоризонтална сигнализација, сега е два пати поевтино од претходните години, стои во реакцијата.

OhridNews